Research in Motion претстави три нови паметни телефони кои ќе бидат наменети за помладите корисници кои сакаат да пишуваат SMS пораки и да четуваат преку мобилните сервиси и друштвени мрежи. Според RIM, уредите ќе бидат „со пристапна цена, лесни за користење, со многу опции и друштвено поврзани“.
Сите три модели на BlackBerry Curve 9350, 9360 и 9370 ќе го имаат истиот хардвер, односно 800 MHz процесор, 2,44-инчен 480×320 HVGA displej, поддршка за near-field communication (NFC) технологија, 512 MB RAM, со microSD слот кој може да ја зголеми меморијата на 32 GB и 5 мегапиксели камера. Хардверот е подобар од претходните Curve модели, но не и од неодамна претставените нови Bold и Torch модели.
Сите три модели кои ќе работат на BlackBerry OS 7, се очекуваат да се појават првин во Канада до крајот на август, потоа и во другите земји во септември.