Во текот на снимањето на втората сезона на популарното шоу Grand Tour, водителот Ричард Хамонд имаше ужасна несреќа. Возејќи го хрватскиот електричен автомобил Concept One, излета од патот со брзина околу 320 km/h. Незгодата изгледа толку страшно што Џереми Кларксон и Џејмс Меј мислеа дека е мртов, јави Daily Mail.
„Ова беше најголемата несреќа која сум ја видел и најзастрашувачката, но за среќа Ричард е речиси добро“, вели г. Кларксон.
За среќа се случи вистинско чудo, г. Хамонд помина само со скршеница на коленото. Цената на Concept One на хрватскиот производител Rimac Motors е 2 милиони фунти. Г. Хамонд успеа сам да го напушти возилото пред тоа сосем да се запали и да изгори.
„Ричард е свесен и зборува, сам излезе од возилото пред тоа да се запали. Со хеликоптер беше префрлен во болница во St Galen за да го прегледаат. На прегледот е откриена скршеница на коленото“, вели портпаролот на Grand Tour.
https://youtu.be/2CLIb1VY1zQ
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.