0 коментари 2 мин. читање 12 јуни, 2017

Со победата на Vienna Shorts fest, играта Everything се најде на листата за можен Оскар

Everything излезе на 21. април годинава и за краткото време успеа да ја импресионира гејмерската популација со овозможување епска симулација преку илјадници игриви ентитети, од бактерија преку зрно песок, животно па сè до планета, односно галаксија. Можете да трчате, лебдите или летате низ универзум и да стапувате во едноставни, но визуелно исполнителни интеракции со останатиот свет. Таквото нешто, во комбинација со револуционерните размислувања на еден од најголемите Британски филозофи и проповедачи за егзистенцијалното размислување, Алан Вотс, резултира со чисто, стимулативно и релаксирачко искуство, ретко видено во игрива дигитална форма.


Трејлерот кој го освои жирито на VIS (Vienna Shorts film festival)

Но, гејмерите се далеку од единствената група која е импресионирана од креативната визија на Дејвид Орајли. За време на четиринаесеттиот Виенски фестивал за краткометражни филмови, анимации и музички видеа, кој се одржа од 1 до 6 јуни, играта Everything, поточно единаесет минутниот трејлер за неа, по прв во историјата на видео игрите или слични интерактивни проекти, ја освои комисијата и си отиде дома како победник во одделот за анимација. Ова, како резултат, автоматски ја постави Everything на долгата листа за потенцијален натпреварувач во битката за една од најценетите академски награди – Оскар.

Трејлерот за Everything ќе проба им се спротивстави на останатите квалифицирани ученици во категоријата анимиран краткометражен филм. Во меѓувреме, играта ужива 88% позитивни рецензии на Steam и чини 15 евра.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top