0 коментари 1 мин. читање

Ричард Ајоади од IT crowd сега го води шоуто за иновативни гаџети – Gadget Мan

Познат по улогата на култниот гик од телевизиската комедија IT Crowd, Ричард Ајоади, или барем така тој мисли дека се изговара името, како нови водител ја започна втората сезона од британското шоу за гаџети, Gadget Man. Тој го замени актерот Стивен Фрај кој ја водеше првата сезона. Иако шоуто на Channel4 е наменето само за британската публика, на YouTube може да се најдат сите епизоди. Г. Ајоаде имаше незаборавна улога како Морис Мос во IT Crowd бидејќи и самиот е гик, што го прави одличен водител на вакво шоу во кое се истражуваат сите нови хардвери, гаџети и паметни уреди од Google Glass и паметни велосипеди до сајборзи.

[youtube]GBC8da6F5Io[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top