NSA има директен линк до Google и Yahoo

Националната агенција за безбедност, NSA, се приклучува директно на главните комуникациски линкови кои ги спојуваат седиштата на Google и Yahoo со дата центрите низ целиот свет. Прислушувањето на овие линкови е дел од операцијата наречена MUSCULAR чија цел на ова е прибирање на огромен број на податоци и електронска пошта, јавува Washington Post.

Во периодот од 30 дена пред 9 јануари, агенцијата собрала и процесирала 181.280.466 податоци, или 181 милиони, заедно со податоците за испраќачите и примателите на пораките. Станува збор за аудио, видео или текст порака. Операцијата MUSCULAR е во соработка со британската агенција GCHQ (Government Communication Headquarters).

Од непознати локации во САД е копиран целиот проток на податоци до серверите на Yahoo и Google во САД, сепак можеби станува збор за компанијата Level 3 која ги опслужува оптичките кабли за Google, јавува New York Times. Ова нема да биде првпат команијата да биде обвинета за вакво нешто откако во јули германската телевизија ги обвини дека соработуваат со агенциите во САД и ги шпионираат германците.

Неодамна во документ достапен од поранешниот аналитичар на CIA, Едвард Сноуден, за Project PRISM се вели дека американските компании мора да обезбедат пристап до аудио или видео четовите, фотографии, мејлови и документи, доколку владините агенции го побараат тоа од нив. Сепак за податоците од PRISM агенциите мораат да достават судски налог кој ќе ги обврзе компаниите да им ги достават документите.

Овие мерки се пред се да се заштити САД од надврорешен напад, а цел на прислушувањата се странци, вели NSA. Гигантите од Силициумската долина со неверување и револт регаираа на MUSCULAR. Google вели дека се одамна загрижен поради можноста од вакво прислушување, но и дека не дозволиле пристап до своите системи.

„Револтирани сме од потезите на кои е подготвена владата, за да ги собере податоците од нашата приватна оптичка мрежа. Имаме поставено ригорозни контроли за да ја зголемиме безбедноста на нашите дата центри и не сме им дозволиле пристап на NSA или било која друга владина агенција.“, вели портпаролот на Yahoo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Netcetera

iOS Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

BI Developer

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk