„Ние веќе не бараме вести, тие не пронаоѓаат нас. Во иднина ние нема да бараме продукти и сервиси, тие ќе не пронајдат нас преку друштвените мрежи.“ се објаснува во видеото, во кое се потврдува таа изјава со тоа што бидејќи 76 отсто од потрошувачите обрнуваат повеќе внимание на тоа што другите зборуваат за продуктот, додека само 14 отсто веруваат на рекламите.
Видеото е креација на Ерик Куалман, а статистиката, како на пример дека на телевизијата и требале 13 години да стигне до 50 милиони корисници, а на iPod-от само 3 години, како и изворите за статистиката можете да ја најдете на неговиот блог.