0 коментари 4 мин. читање 19 август, 2009

Неколку бизнис алатки за комуникација

{mosimage} (oва е гостински текст на Дарко Крстевски, бизнис парнер на Broker.com.mk и веб дизајнер. Повеќе негови текстови можете да прочитате на неговиот блог)

Подолу ќе најдете неколку сервиси кои ќе им помогнат на младите претприемачи да ја организираат комуникацијата во својот тим, со цел да се оствари поголема продуктивност и задоволство во работата. Станува збор за веб базирани апликации за комуникација во една работна околина/компанија, а изборот на најдобрата алатка за вашиот тим зависи од начинот на вашата работа.

Backpack

Backpack е моќна алатка дизајнирана како неформална интранет мрежа. Системот на функционирање вклучува креирање на посебни страници за секој различен тип на документација, но и можност за комуникација и соработка преку три нивоа: пораки, коментари и дневник. Значи членовите на тимот можат да ги коментираат сите елементи на една страница, да испраќаат пораки до другите членови на тимот во врска со документацијата, но и да објавуваат свои лични пораки како информации до колегите (нешто како твитер).

Оваа апликација е комерцијална и може да се набави online по цени почнувајќи од 24 долари/месечно.

Huddle

Huddle е исто така комплетна апликација со сите опции потребни за тимска комуникација. Huddle е организиран на ниво на работан околини,
една околина може да постои за организирање на изработката на една веб страна за клиент, но и за документирање на сите информации во врска со апликантите за новото слободно работно место во претпријатието. Huddle исто така овозможува и размена на датотеки, поставување и управување на вики-страници, како и систем за управување на документи.

Huddle имаат и бесплатна верзија со дозволена една слободна околина и 1Gb слободен простор за размена на датотеки. Комерцијалните верзии започнуваат од 15 долари/месечно.

Campfire

Campfire e апликација наменета за тимови кои работата на различни локации. Овозможува креирање на чат-групи каде членовите на тимовите ќе ги разменуваат своите искуства. Најголемата предност на оваа апликација е што овозможува размена на датотеки, и едитирање на датотеките од повеќе членови на тимот во исто време. Campfire чува и копија на сите муабети и датотеки, што овоможува брз преглед.

Комерцијалните верзии на Campfire почнуваат од 12 долари/месец.

Бесплатна варијанта на Campfire може да биде Co-Op апликацијата, чиј фокус е на чатот т.е комуникацијата меѓу членовите од вашиот тим.

Staction

Staction е нова апликација, објавена на почетокот на 2009та година. Главната цел е заедничкото работење на членовите на тимот. Дизајнот на апликацијата вклучува две колони: едната за чување на белешки и водење дискусии, и другата за поставување на задачите. Постои можност за категоризирање или тагирање на сите елементи, што подоцна овозможува следење само на одреден проект.

Staction нудат бесплатна верзија која е лимитирана на 2 членови и 10 проекти, а додека комерцијалните изданија почнуваат од 7 долари/месец.

Yammer

Yammer претставува интерен Twitter клон. Целокупниот дизајн е базиран на твитер околината, а комуникацијата може да се одвива на ниво на тимови или еден-на-еден. Но она што ја прави оваа апликација поразлична од другите е што може да се користи и преку десктоп апликации, а не исклучиво преку интернет прелистувачот.

Yammer е целосно слободна за користење, од неограничен број корисници и формирање на неограничен број на групи.

Слично ваква апликација е и хрватскиот Shout’em, која е дизајнирана за комуникација преку јавни или приватни мрежи за соработници и компании.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top