3 коментари 2 мин. читање

Револуционерни, секси и влијателни… Ова се Блогираме и Twitter наградите за 2014

(Фотографии од настанот ќе најдете тука)

Интересно е колку се контрастни двата важни ИТ настани што се случија овие три дена. Првиот, Сајт на годината 2014, се одржа во МОБ каде беа присутни формално облечени луѓе, за кои наградите се комерцијална можност, а Интернетот е бизнис. Другиот, Блогираме и Twitter наградите се одржа во бар преполн со млади, шарени, гласни и расположени луѓе кои го чувствуваат Интернетот како свој.

Не е воопшто чудно што вторите награди се позабавни. Блогерите и твитерџии го разбираат Интернетот како поле за некултурна и саркастична комуникација, но, тие успеаја и да креираат една огромна заедница чие влијание се чувствува офлајн, и е огромно онлајн. Тие се оние твитерџии кои медиумите сакаат да ги цитираат, кои ги читаме во колумни, кои дури и разоткрија убиство; тие се блогерите чие мислење привлекува куп посети, и кои ги гледаме на телевизија каде објаснуваат за клучни интернет теми, тие се корисниците кои ги поставуваат онлајн трендовите. Ова се корисници кои се доволно храбри и амбициозни да мислат дека преку Twitter и блоговите можат да го променат светот. Затоа можеби и Блогираме и Twitter наградите се важни, бидејќи тие ги истакнуваат најдобрите, изгласани од заедницата. А тоа се:

Блогираме награди

Тwitter награди

Честитки до победниците!

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top