Што е говор на омраза? Ова прашање беше постојано одговарано на меѓународната конференција е-Општество 2014, бидејќи сите говорници кои се имаат соочено со овој проблем, сфаќаат дека проблемот е што граѓаните не можат да ja препознаат оваа штетна форма на комуникација. Едукацијата, велат тие, е од најголема важност ако сакаме да ставиме крај на говорот на омраза, офлајн или онлајн, но се сложуваат и дека не е толку лесно да се едуцираат граѓани кои израснале во загадена средина.
Дали може малце повеќе да се фокусираме на дистинкцијата помеѓу слободен говор и говор на омраза ? Битна работа е! #esociety14
— ʎ λ (@peRverzen) December 11, 2014
Препознавање и осудување на омразата е клучен фактор, но за жал во Македонија нема јавни податоци дека некој бил осуден за говор на омраза, иако тоа е препорачано од ЕУ во последниот извештај, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис. Причината за ова е што често говорот на омраза доаѓа од луѓето што се на моќ, но често доаѓа и од незнаење. Тој наведе пример како „Мојата борба“ на Хитлер се најде покрај „Пиникио“ и други книги за деца во една книжарница. Решението е да се мотивираат граѓаните да се ангажираат во борбата против говорот за омраза.
Great job! #esociety14 promoted mobile application for reporting hate speech on the @mosurrej @fmeta pic.twitter.com/tir12Jc9k2
— Elida (@Elida_Z) December 11, 2014
Со ова се согласува и Сара Барниер-Лирој од Интернационалниот институт за човекови права и мир, која категорично потврди дека „едукацијата игра важна улога во развојот на младите, и едукацијата за човековите права е најважна од се“.
Прoмoвирaње нa пoзитивен гoвoр нaместo гoвoр нa oмрaзa – Милoш Ристoвски #esociety14
— Metamorphosis (@fmeta) December 11, 2014
Но, укажување на што е говор на омраза не е доволно да се спречи таа ограничена комуникација. Треба да се покажат позитивни примери за почит на правата и соживот, вели Милош Ристовски од Центарот за интеркултурен дијалог. Центарот се бори против омразата со куп настани во кои ги инволвираат младите на заеднички активности. Но, често и настаните можат да се покажат како катализатори на омразата во општеството, посебно во Македонија.
“Кога државата организира пречек на воен злосторник, јасно е кој креира говор на омраза.” – Мра од @MIMtraining #esociety14
— Hawk (@HawkanianHawk) December 11, 2014
„Говорот на омраза е забранет со закон за медиуми, но нема казни, ниту интерес од обвинителството. Може да се бориме против ова само преку медиумска писменост, или деконструкција и мапирање на говорот на омраза, со позитивен активизам и постојано предизвикување на системот“, вели тој.
Без врска дали е онлајн или офлајн, говорот на омраза е штетен посебно за едно мултикултурно модерно општество како што е македонското. Проблемот секако дека лежи во едукацијата на граѓаните, кои едноставно не знаат да го препознаат, ниту се свесни за штетата што може да ја направи омразата, но исто така не се свесни дека и често со игнорирање го потпомагаат тој да се развие.
Препорачани сајтови за борба против говорот на омраза:
- Стоп за говорот на омраза на интернет;
- Пријави говор на омраза на Bezomrazno.mk;
- Пријави говор на омраза на сајтот на Хелсиншки комитет;
- Предложи напис за реценција на Проверка на факти.;







