Последниве неколку месеци, од ноември, па до денес, тешко да помине ден, а да не видиме некоја нова вест за вештачка интелигенција. Дел се однесуваат на нови можности, дел на нови технологии, дел на законски ограничувања, а дел на супер нови примери. Симулацијата на град и 25 агенти креирани со помош на ChatGPT – Reverie, спаѓа во овие последниве.
Група истражувачи од Google и Стенфорд креираа виртуелна средина во која 25 генерирани „агенти“ имаат интеракции помеѓу себе, и со околината. Во симулацијата секој од агентите го управува вештачка интелигенција, и веројатно за објаснување најлесно е да ги опишеме како NPC.
NPC
NPC е кратенка од англискиот термин “Non-Playable Character”, што во превод значи „карактер кој не е играч“. Во контекст на видеоигри, NPC се однесува на компјутерски генерирани карактери кои не се контролирани од страна на некој кој игра, туку се програмирани да извршуваат одредени задачи и да влијаат врз играта на различни начини.За разлика од видеоигрите во кои однесувањето на овие карактери е предодредено со кодот, во Reverie со „потребите и интересите“ на агентите управува „Large Language Model“. Large Language Model е вид на AI-алгоритам за обработка на јазик, кој користи машинско учење за да генерира текст или да изведува други задачи поврзани со јазикот, како превод, категоризација на текстови, одговарање на прашања, генерирање на дијалог и слично. Во овој случај истражувачите користат ChatGPT.
„Агентите“ во Reverie имаат свои сеќавања за светот, и за останатите агенти во симулацијата. Може да препознаваат „куќи“, соби во куќите, па дури и предмети во овоие соби, и да ја запомнат нивната состојба. Одлуките и однесувањето ги креираат врз основа на своите сеќавања во симулацијата.
Експериментот е достапен како демо (линкот погоре во текстот). Посетителите на страницата не може да влијаат на светот, но може да видат како се развива. Може да се одбере некој од карактерите (агентите) и да се погледне што прави во моментот, на која локација е, и за што разговара во моментот.
Агентите се генерирани со едунствен и уникатен почетен промпт кој дава некакви генерални насоки за „карактерот“ и неговата почетна состојба во симулацијата. Во трудот може да прочитаме како е генериран Џон Лин.
Да погледнеме што прави Лин на снимката на симулацијата…

Џон и Том Морено разговараат за различни теми вклучувајќи ги и изборите за градоначалник; нова изложба; актуелен развој на лекови; важноста да се биде информиран за локалните настани…

Она што се случува во симулација потсетува на супер популарната игра Sims која и е инспирација за проектот. Сепак љубителите на Rim World можеби и повеќе ќа ја препознаат оваа игра во симулацијата. Секако ниту една од двете видеоигри не корисити вештачка интелигенција за да управува со „потребите“ на своите виртуелни жители.
Нивото на самостојност на агентите во виртуелниот свет е импресивно. На самиот почеток на објавениот труд, може да прочитаме еден пример од симулацијата.
Кај само еден агент е наведен поим дека сака да организира забава за Денот на вљубените, агентите понатаму самостојно ги споделуваа поканите за забавата следните два дена, запознаваа други, непознати агенти, се договараа како пар да одат на забаватa, и се координираа да се појават на забавата истовремено.
Примена во иднина
Со оглед на тоа дека целиот систем се базира и потсетува на видеоигра, прва работа која не може а да не ни падне на памет е креирање на попаметни карактери во видеоигрите. Сепај креаторите не мислеа на ова кога ја креираа симулацијата.
Смолвил може да се користи за да се креираат големи симулации на однесувањата на луѓето и да се тестира и креира прототип за друштвени системи и теории. Потоа, овој прототип може да се направи интерактивно искуство.
Друга област на примена може да бидат дизајн-процеси фокусирани на човекот. На пример како во случајот со кратките раскази на Марк Вајзер во кој протагонист е Сал. Агенти ќе може да се користат како прокси за Сал, ќе може да развијат веродостојни однесување и размислувања кои Сал може да ги развие во текот на животот. Агентот ќе има податоци за будењето на Сал, првата шоља кафе и изглед на вообичаениот ден… Со помош на ова, агентот ќе може да свари кафе, да помогне со децата кога треба да одат на училиште, да ја промени музика и светлото да соодвестуваат на желбите на Сал.