Рецензија: Smells like a Mushroom e игра направена со мал буџет, но големо срце

Smells Like a Mushroom доаѓа од мало инди студио и, на првиот поглед, делува како генеричен шутер во необичаен свет. И навистина е и така. Но, чедото на Red Limb Studio се труди да се истакне од морето слични TPS игри така што нуди хумористична кампања во еден апсурден свет каде, играјќи со командо морков, ќе се спротивставите на вознемна инвазија од паразитски печурки.

Мирис на печурки (и полу-печена игра)

Smells Like a Mushroom изледа чудно, но не на добар начин. Зачинета со несмасни контроли, груби анимации и дијалог од кој често ќе превртувате со очите, би можеле да помислите дека и едно попладне е многу со играта. Но, по почетните меѓусеквенци, и по истражувањето на првата планета, Smells Like a Mushroom ни се провлече под кожа. Линеарните мапи се минималистички, но забавно осмислени, а непријателите знаат да пружат интересен предизвик.

По одредено време, и командо морковот ни стана интересен, особено бројните можности за уредување. На почетокот, почнувате со само три оружја, но подоцна, како патувате низ најразличните планети на соларниот систем, така ќе откривате значително повеќе деструктивни алатки. Муниција секогаш фали, при што често се охрабрува менување на оружјата и импровизација во уништување на непријателите. Некои од оружјата се стандардни модели, но некои припаѓаат на арсенал за откачена и масовна деструкција.

Собраните ресурси ги користите во вашиот центар за да отклучите повеќе срца, животи, или пак да надградите некое од десетте понудени оружја. Во моментот кога ќе навлезете во некоја планета, акцентот не е само на безумно пукање. Е, ама не секогаш. Често ќе се занимавате и со (двојно) скокање, преминување преку предизвикувачки терени или решавање одредени загатки. Надвор од стандардните противници, ќе наидете и на босови. Многу внимание е посветено на босовите, кои напаѓаат во неколку различни стадиуми на агресија. Првиот бос пријатно не изненади со прогресивното менување стратегии и целосно тестирајќи ги нашите рефлекси.

Smells Like a Mushroom не е без мани, но, доколку и пружите прилика, би можеле пријатно да се изненадите од дизајнот на мапите, како и бројните платформско-акциони можности. Јасно е дека авторите работеле со ограничен буџет, но сѐ што го има тука е направено со голема љубов и посвета на детали, нешто што е јасно и од бесплатното демо.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Red Limb Studio
  • ИздаваFatal ErrorDestructive Creations,
  • Жанр: акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 6 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk