Ретро Linksys WRT 54G рутерот се враќа со нова безжична технологија

во Хардвер

„Најпродаваниот рутер на сите времиња“, Linksys WRT 54G, кој беше претставен во 2002 година, сега се враќа на сцената во старо руво. Belkin, кои од пред една година го купија Linksys брендот од Cisco, на CES 2014 го најави новиот Linksys WR 1900AC рутерот кој ќе го задржи синиот ретро дизајн, но ќе биде спакуван со најновата безжична технологија. Цената ќе биде околу 300 долари.

Новиот рутер go поддржува 802.11ac Wi-Fi стандардoт, и има еден USB 3.0 порт, еден eSATA/USB 2.0 комбо порт, еден Gigabit WAN порт, четири Gigabiti LAN портови и четири екстерни антени кои се уникатни за овој дизајн, и кои ќе ја одредуваат најдобрата комбинација за пренос на сигналот. WRT 1900AC ќе има и нова функционалност Network Map со која се прави визуелно мапирање на поврзаните компјутери. Рутерот работи на 1.2 GHz ARM процесор со две јадра и 256 DDR3 RAM меморија.

Рутерот ќе добие и слободни SDK алатки, бидејќи Belking верува дека „Слободниот код е средство за другите заедници, како DD-WRT, Open WRT, и Tomato, за креирање на нивни персонализирани верзии на фирмвер со отворен код за продуктот“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Перо
Перо
12 years ago

„плавиот“ – синиот. „Плава“ боја во македонскиот јазик не постои.

Joel Barish
12 years ago

200 eura pocetna cena