Некои игри храбро жонглираат елементи од повеќе жанрови. Astronimo e една од таквите игри. Сами или со вашите пријатели, ќе можете да навлезете во уникатен платформер каде решавате загатки така што градите работи користејќи најразлични алатки.
Ново, но сепак познато искуство
По одреден ЕА период на Steam, Coatsink, во соработка со Thunderful, неодамна ја исфрлија целосната верзија на играта. Се чини дека играта е на добар пат, иако, мора да признаеме, таргет публиката ѝ е потесен круг на гејмери. Етикетирана како construction platform puzzler, Astronimo ви дозволува да истражувате најразлични локации така што ќе решавате загатки на креативни начини. Благодарение на моќните алатки за создавање уникатни превозни сретсва, ќе можете да создадете буквално сѐ што ќе замислите.
Откако ќе завршите со кампањата, преку која ќе истражите впечатливи месечини и планети, ќе можете да ја продолжите забавата и преку лесно-достапниот едитор. The World Editor ви дозволува да создадете, населите и вметнете предизвици во ваши лични планети кои, подоцна, можете да ги споделите со светот преку Steam Workshop. Фокусот на Astronimo е првенствено на забава. Играта знае да биде предизвик, но и-тоа-како знае да ве забави со бројните дружељубиви механики каде го правите ликот од вашите сништа и се социјализирате со останатите играчи преку песна, танцови и, секако, откачени изработки.
Во случај да барате нови интерактивни можности за креативно и незаборавно дружење со вашите најблиски, Astronimo е релативно нов и одлично осмислен наслов, со моќни механики за размрдување на сивите ќелии и впечатливо втурнување во целосно нови авантури!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Coatsink
- Издава: Coatsink, Thunderful
- Жанр: акција, FPS
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 15 декември 2023