Relic Hunters Legend: Шаренолика галактичката авантура

во Вести

Relic Hunters Legend, развиена од независното бразилско студио Rogue Snail, е свеж, нов и храбар наслов кој се наметнува како енергична комбинација од Top-Down Shooter и Looter RPG механики. Обвиткана во шармантна приказна, играта е инспирирана од класичните јапонски RPG игри, но е со значително пошарена графика и дизајн кој, на почетокот, се чини дека е првенствено осмислен за поладата публика. Но, она што се крие зад таквите првични импресии, е крајно забавен наслов полн со акција во која може да уживаат лица од осум до осумдесет години. 

Дејството во Relic Hunters Legend се одвива во галаксија под тиранската власт на злобниот император Дјук Дукан, кој на мистериозен начин успеал да ја украде колективната меморија на минатото. Со препишување на историјата, тој се претставува како извор на сето добро, со што го легитимира својот угнетувачки режим. За да ја разбиете оваа угнетувачка опресија, станувате еден од познатите Relic Hunters, ао мисија да патувате низ галаксијата, да истражувате древни рушевини и да пронаоѓате артефакти од старата цивилизација. Приказната е проширена и преку стрипови и анимирани кратки филмови кои, рака на срце, делуваат како да се таргетирани за помладата публика и ова е единствениот аспект на играта за кој сметаме дека не би можеле сите да уживаат. За среќа, гејмплејот е значително поразлична приказна. 

Хаотична симфонија на куршуми и плен

Гејмплејот се одликува со брза и динамична борба од птичја перспектива. Секоја мисија е исполнета со орди на непријатели, принудувајќи ве постојано да се движите, да избегнувате напади и прецизно да нишаните. Контролите се интуитивни и респонзивни, што овозможува флуидно движење и пукање, создавајќи чувство на контролиран хаос. Она што ја издигнува играта над површината од слични други игри е нејзиниот релативно длабок RPG систем.

Секој од достапните ловци има три уникатни дрва на вештини, кои можат слободно да се комбинираат. Ова, заедно со распределбата на поени за атрибути, бројните слотови за опрема со широк спектар на бонуси и уникатните реликвии целосно го дефинираат стилот на игра, создава речиси бескрајни можности за персонализација. Системот за плен е дизајниран да биде наградувачки, со различни нивоа на реткост кои не само што ги зголемуваат статистиките, туку и воведуваат нови механики кои можат целосно да го променат начинот на кој играте.

Графички, Relic Hunters Legend користи живописен и цртан стил кој е полн со карактер. Дизајнот на ликовите е експресивен, а околините се шарени и детални, од вселенски станици до егзотични планети. Анимациите се флуидни, а визуелните ефекти подеднакво импресивни. Звучната подлога соодветно го надополнува брзото темпо на играта. Музиката е енергична, со електронски и рок елементи кои го поттикнуваат адреналинот за време на борбите. Во поглед на овие два аспекти навистина нема да бидете разочарани, што, во комбинација со солидниот гејмплеј, ја прават играта исклучително забавна.

Една од најголемите предности на играта е нејзината флексибилност и огромната количина на содржина. Можете целосно да се посветите на главната приказна, која нуди изненадувачки долга авантура, или пак целосно да ја игнорирате и да се фокусирате на прогресијата и системите за крајната фаза на играта. Сите активности, од истражување на мини-отворени светови до мисии со седум различни режими на игра (како што се Payload, Defense и Assault), се дизајнирани да или соло или со најмногу четири играчи. За оние кои бараат вистински предизвик, тука се Delve занданите со уникатни босови, временски ограничени специјални мисии, како и комплексните системи поврзани со Treasure Maps и Asteroid Dungeon Nemesis. 

Relic Hunters Legend е производ на љубовта на тим кој сакал да создаде забавно, длабоко и наградувачко искуство. Со својата волшебна приказна која, повторуваме, можеби нема да се допадне на сите, зависен гејмплеј, огромна содржина и прекрасна аудио-визуелна презентација, оваа игра нуди нешто за секого – од соло играчи кои сакаат топла приказна, до групи пријатели кои бараат нов кооперативен предизвик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments