0 коментари 2 мин. читање 28 декември, 2012

Рекордно активирање на Android и iOS уреди за време на божиќните празници

Овој католички Божиќ ќе биде забележан како ден кога биле активирани најмногу Android и iOS уреди до сега. Според извештајот од Flurry, компанија која се бави со анализа на мобилните уреди, биле активирани повеќе од 17 милиони паметни телефони. До овие податоци имаат дојден од повеќе од 260.000 апликации кои користат Flurry Analytics. Flurry секојдневно детектира повеќе од 90 посто од Android и iOS уредите кои се активираат.

Ова е 2,5 пати повеќе од претходниот Божиќ кој го држеше рекордот. Во споредба со остатокот од декември, на Божиќ биле активирани 332 посто повеќе Android и iOS уреди. Секој друг ден во овој месец биле активирани во просек 4 милиони уреди, додека на Божик бројката е 17,4 милиони уреди. Исто така, за време на тој ден е забележано и огромен раст на активирање на таблет компјутерите. На 25-ти декември, 51 посто од активираните уреди биле компјутерски таблети, додека 49 посто биле паметни телефони. За споредба, од 1-ви до 20-ти декември, биле активирани само 20 посто компјутерски таблети, а 80 посто од уредите биле паметни телефони.

Забележан е голем пораст и на преземањето на апликации. Имено, тој ден се преземени 328 милиони апликации, наспроти 155 милиони преземања кои се забележани во секој ден посебно од овој месец.

И за крај, Flurry ги прогласи победниците на овој ден. Очекувано, iPad и iPad mini се на врвот, додека Kindle Fire HD 7” таблетот е на третото место и бележи пораст од неколку стотици проценти.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top