Аpp Verification Service на Android 4.2 детектира само 15 отсто од малициозните апликации

Google во Android 4.2 додаде нова алатка која требаше да го спречи малициозниот софтвер кој се повеќе се проширува на мобилната платформа. Но, иако интегриран софтвер звучи како добро решение, сепак моменталната верзија не е воопшто ефективна.

Според истражувачи од Универзитетот на Северна Калорина, Google App Verification Service пропушта повеќе вируси и малициозен софтвер, отколку што спречува. Од околу 1.260 заразени примероци кои биле пуштени на Android 4.2, скенерот на Google детектирал само 193 од нив, односно околу 15 отсто. Други анти-вирус апликации и софтвер препознале над 80 отсто од вирусите, некои дури имале и 90 до 100% успешност.

Малициозниот софтвер станува се поголем проблем за Android. Проценето е дека во 2013-та година бројот на црви и вируси ќе се зголеми, што може да биде сериозен проблем за околу 300 милиони корисници кои користат паметни телефони за да пристапат до своите банкарски сметки.

Сепак, Google сигурно нема да ја остави алатката во сегашнава верзија, туку ќе ја надоградува во идните верзии на Android OS. Но, тука пак ќе се соочи со проблемот на фрагментација. Во моментов повеќе корисници се заглавени на Android 2.3, над 50 отсто од нив, без можност да го надоградат софтверот бидејќи нивните телефони немаат доволно добар хардвер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk