Според гласините кои го обземаат интернетот, Apple ќе го редизајнира својот лаптоп MacBook Pro додавајќи му екран со висока-резолуција, супер-брз USB 3.0 порт и ќе го направи да биде доволно тенок за да се мери во милиметри. Гласините доаѓаат од 9to5mac.com, блог специјализиран за Apple продукти, кој се повикува на извор близок до источна компанија која ги прави деловите на продуктите на компанијата од Купертино.
Според тие извори, тој ултра-тенок 15-инчен MacBook Pro ќе се појави летово, најверојатно во јуни. Нема да наликува на MacBook Air, туку ќе биде тенка верзија на постари модели на MacBook Pro, иако тастатурата ќе биде како таа на Air на која копчето за стартување на компјутерот ќе биде дел од копчињата на тастатурата.
Алуминскиот MacBook Pro ќе нема оптички диск, поради тоа и ќе биде потенок, и ќе работи на новите Ivy Bridge процесори од Intel. Од страните ќе има порт за полнење, два аудио портови, и два супер USB 3.0 портови со околу 5 Gbps брзина на трансфер на податоци. Од десната страна ќе има два Thunderbolt портови кои се исто брзи како USB 3.0.
Лаптопот ќе има Retina екран со висока резолуција. Кодовите најдени во OS X Lion 10.7.4 и Mountain Lion бета сугерираат дека ќе има неколку типови висока резолуција за да може да се подесува големината на сликата. Оваа шпекулација доби на тежина откако беше претставен новиот iPad кој има Retina екран со 2048×1536 резолуција, што сугерира дека Apple може да понуди таков квалитет и на поголеми екрани.