Research in motion го претстави новиот, редизајниран BlackBerry World кој сега ќе има мобилни апликации, музика, филмови и популарни телевизиски серии кои можат да се изнајмат на новиот BlackBerry 10 кој ќе биде претставен за неколку дена, на 30-ти јануари.
RIM вели дека мултимедијалната продавница ќе ги има сите популарни серии, филмови и песни веднаш штом ќе бидат објавени, благодарение на ексклузивните договори што ги имаат со издавачите. Но, во моментов нема детали како ќе се движат цените за купување или изнајмување на содржина, освен што има најаве дека кориснциите ќе можат да ги „прегледаат и пристапат до содржината користејќи различни опции за плаќање.“
За жал, купување и изнајмување на видеото првин ќе биде достапна само за САД, Британија и Канада. Музиката првично ќе биде достапна во 18 земји, но не и во Македонија.