Норвешка наиде на проблеми со електиричните возила – луѓето ги купуваат!

во Свет

Норвешка ги има најдарежливите субвенции кога се во прашање електричните автомобили. Но, земјата сега започна да кове план како да ги намалат субвенциите, бидејќи во Норвешка сега има регистрирани 50.000 електрични автомобили; 3 години порано од предвидениот рок. Поради ова Норвешка губи пари и мора некако да го спречи ентузијазмот на возачите.

Купувачите на електрични автомобили во Норвешка се ослободени од дел од даноците за купување возило, овие даноци се околу 50 отсто од цената на возилото. Возачите на електрични автомобили не плаќаат за патарини, користење на тунели, превоз со ферибот, паркинг, полнење и за разлика од сите останати автомобили можат да ги користат лентите за сообраќај кои се наменети за автобусите. Но, сега дел од овие погодности етапно ќе бидат повлечени, јави Telegraph. Па од 2018 година возачите ќе треба да платат половина од патарините, а од 2020 година сите возила ќе плаќаат патарина. Данокот за електрични возила ќе биде вратен, но граѓаните на Норвешка ќе добијат субвенции за секој купен автомобил, кои најверојатно ќе бидат повлечени. Дополнително локалните власти ќе решаваат за бесплатниот паркинг.

Повлекувањето на овие поволности сепак доаѓа по постигнувањето на целта. Пред воведувањето на овие мерки во 2013, Норвешка имаше само 18.000 електрични автомобили, за помалку од две години бројот на електрични автомобили е зголемен речиси трипати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments