1 коментар 2 мин. читање 7 мај, 2019

Отстранете ги Facebook рекламите со FBCleaner

Facebook можеби е исклучително популарна социјална мрежа, но е и мрежа која ве дави во реклами и спонзорирани постови.

Во  случај да го користите прелистувачот Firefox, алатката FBCleaner ќе ви помогне ефикасно да се ослободите од сите наметливи огласи кои постојано ве бомбардираат на Facebook. Покрај тоа што не ги прикажува страничните реклами, FBCleaner може да им затвори врата и на сите спонзорирани постови, како и на групите кои ви се предложуваат. Резултатот, како што можете да замислите, е значително порелаксирачко и попријатно искуство каде вашето внимание целосно е фокусирано на постовите на вашите пријатели и на вашите лични интереси. Со кликнување на соодветната икона на екстензијата, ќе можете да одберете што сакате да биде блокирано, односно прикажано.

Во случај да го користите прелистувачот Chrome, би можеле да ги проверите потенцијалите на Social Network Adblocker. Екстензијата се гордее со способноста дека ги блокира сите огласи на Facebook и дека, со тоа, го забрзува искуството на прелистување до 23%

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top