Minus ви овозможува да споделувате документи на брз и ефикасен начин

во Совети

Minus се разликува од бројните апликации и веб сервиси за споделување на слики, видеа, песни и документи во тоа што има апликации достапни за скоро секоја платформа.

Идејата за Minus првично била да се биде апликација за едноставно споделување на фотографии, но сега може да се употребува за споделување на било што. Добрата работа со Minus е тоа што оваа апликација можете да ја инсталирате на Windows, Mac, и Linux. Од кога ќе ја инсталирате ќе ви се појави минус иконка во менито. За да ги закачите документите кои сакате да ги споделите, сè што треба да направите е да ги повлечете и спуштите во иконката. Minus исто така е достапна и за мобилните оперативни системи iOS, Android и Windows Mobile.

Доколку не сакате да ја преземате апликацијата, можете да го користете официјалниот веб сајт. Закачувањето документи е многу едноставно, сè што треба да направите е да ги повлечете и спуштите во веб прелистувачот, потоа за да ги споделите само го копирате URL-то. Minus исто така функционира и како друштвена мрежа, овозможувајќи ви да следите други корисници и групно да уредувате галерии. Тимот зад Minus се има погрижено да го направи веб сервисот подобар така што има креирано дополнителни екстензии за Firefox и Chrome.

Minus e бесплатна апликација која нема ограничување на количината на закачени документи. Единствено ограничување е големината на даден документ, која изнесува 200 ΜΒ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk