Конзолата која едно време беше рекордер по собраните средства на Kickstarter, Ouya, сега е дел Razer. Razer кој има сопствена Android конзола – Forge TV, можеби е позаинтересиран за 1.000 видеоигри кои Ouya ги има во својот каталог. Според информациите на TechCrunch дел од аквизицијата се видеоигрите и тимовите за техника и развој, но хардверот не е дел од оваа продажба. Хардверскиот дел односно конзолата и контролерот остануваат во рацете на Ouya иако се чини дека иднината на конзолата во моментов е неизвесна.
Сопствениците на Ouya немаат прична за стравуваат за својата инвестивија, откако Razer најави дека 200.000 корисници ќе добијат поддршка од најмалку 12 месеци, по што се надеваат дека ќе се префлат на нивната платформа. Со новата аквизиција Android уредите на Razer имаат сега околу 1.500 видеоигри кои се оптимизирани за Android TV.
„Ouya е креирана за да им овозможи на девелоперите повеќе слобода. Со ова креиравме прва оворена платворма за гејминг на телвизор. Со повеќе од 1000 игри, нудиме повеќе содржини – и поширок спектар – од било која платформа. Возбудени сме бидејќи Razer ќе ја прошири нашата визија. Иако беше тешко да се пробие патот, докажавме дека можеме да донесеме ново размислување за тоа како функционира гејминг индустријата и се надеваме дека им го олеснивме патот на другите, овозможувајќи им на сите девелопери полесен пат до големиот екран.“, вели Џули Урман од Ouya.
По аквизицијата девелоперите кои развиваа игри од платформата не можат веќе да се надеваат на средствата од фондовите на Ouya. Веста ја потврди и Razer кој уште од средината на јули започнал да ги контактира развивачите да ги извести дека фонтовите на Ouya се затворени. Сепак овие вести се контрадикторни откако претставник на Razer за Polygon изјави дека на развивачите ќе им ги исплати преостанатите 600.000 евра кои Ouya им ги вети на девелоперите.