3 коментари 2 мин. читање

Интернетот му се одмазди на забарот кој го уби лавот Сесил

Гневните интернет корисници се впуштија во потера по американскиот забар Валтер Палмер, како што тој го ловеше и уби од задоволство познатиот зимбабвски лав Сесил. Откако се рашири веста дека Палмер е убиец на 13-годишен лав кој беше туристичка атракција и изучуван од универзитети, интернет корисниците си дадоа задача да му го направат животот пекол на свирепиот стоматолог.

Палмер кој и претходно бил казнуван за нелегален лов на егзотични животни, изврши уште едно нелегално убиство на животно. Бидејќи во националниот парк Хванге е забрането ловење на животни, Палмер употребил мамка за да го извлече Сесил од границите на паркот и го ранил со стрела. Потоа го следел ранетиот лав цели 40 часа за да го убие со пушка од блиску. На крај го обезглави лавот и му ја одрал кожата, најверојатно да му биде трофеј во дневната соба. Палмер платил 55.000 долари за да го убие лавот, пишува BBC, и иако ловењето на лавови е легално во Зимбавбе, треба да се има посебна дозвола од властите.

Но, како што тој го одра лавот, така и интернет корисниците започнаа полека да му го уништуваат бизнисот на Палмер. Прво се појавија ужасни рецензии за неговата ординација на Yelp, еден од најпопуларните сајтови за препораки во САД. Потоа на Twitter се појавија слики од неговата ординација која доби незгодни пораки пред вратата, принудувајќи го забарот да си ја затвори канцеларијата.

Критиките кон идиотот-ловец дојдоа од еден куп невладини организации, принудувајќи ги властите во Зимбавбе да отворат истрага. Веста ја раширија и познатите личности кои остро го нападнаа Палмер.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top