0 коментари 1 мин. читање

Google+ интеграција со YouTube и Chrome

Google продолжува со интеграцијата на Google+ во останатите Google сервиси, поточно станува збор за интеграција на YouTube во Google+, како и официјални Google+ екстензии кои ќе ја подобрат интеграцијата со Chrome. Новата YouTube опција овозможува да се гледаат и споделуваат YouTube видеа со Google+ контактите, додека екстензиите за Chrome овозможуваат споделување на веб страници и следење на Google+ нотификации.

Google+ сега е збогатен со YouTube икона, која ако се помине со глувчето ќе овозможи да се побара одредено YouTube видео. Потоа ќе се појави попап листа на видеа поврзани со тоа што е барано. Оваа опција овозможува и едноставно споделување на видеата, како и можност Google+ пријателите да отворат слична плејлиста директно од споделеното видео. YouTube плејлисти исто така ќе се наоѓаат и во резултатите добиени од Google+ пребарување.

Chorme e исто така збогатен со екстензиите +1, која овозможува на секој веб сајт да се кликне +1 и да се сподели со круговите, и Notifications, која овозможува да се проверуваат Google+ нотификациите додека се сурфа. За оние кои не користат Chrome, може да го преземат Google Toolbar for Internet Explorer, за кој има нова верзија во која се вклучени горенаведените екстензии.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top