Raptor ќе бидат паметни очила наменети за велосипедистите

Raptor се очила од производителот Everysight наменети пред сѐ за велосипедистите. Очилата се своевиден „HUD“ кој на велосипедистите им овозможува презентирање на податоци во проширена реалност.

Брзина, работа на срцето, време, растојание па дури и навигација се присутни во очилата. Очилата помалку наликуваат на HoloLens кој може полесно да се пренесува. Се поврзуваат со телефонот преку Bluetooth и се контролираат преку соодветна апликација. Со оглед на тоа дека сепак додека вози велосипедистот нема да може да гледа во телефонот, очилата доаѓаат со „swipe“-команда која овозможува поедноставно управување.

Следните модели ќе доаѓаат со можност за гласовни команди и додаток за рачките на велосипедот преку кој ќе може да менуваат податоците на екранот.

Очилата се специјализиран производ наменет најмногу за велосипедистите, па пазарот е ограничен. Сепак може да биде незаменлив и за луѓето кои почесто возат, но ова многу ќе зависи од цената. Доколку биде поблиска до Spectacles од Snap, очилата ќе бидат добредојдени. Доколку цената е колку Google Glass тешко дека многумина ќе бидат убедени.

Засега очилата не се достапни во слободна продажба, но Everysight отвори пилот програма за велосипедисти од САД. Главниот услов е велосипедистите да возат најмалку 12 пати во месецот, што наведува дека податоците им се потребни и за тестирање на уредите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments