Најновата функција на мобилната верзија на Dropbox ви дозволува да имате пристап до цели фолдери и кога немате пристап до интернет, што знае да биде исклучително корисно во локации каде интернетот е ограничен или непостоечки. Со кликнување на десната страна од секој фолдер и избирање Make Available Offline сите податоци од таквиот фолдер автоматски се префрлуваат во вашиот телефон.
Во случај истиот фолдер да сте го споделиле со колега, сите промени кој тој ќе ги направи со документите во датотеката, автоматски ќе бидат синхронизирани во моментот кога ќе се поврзете на интернет, и обратно.
Ваквата функција е првата од серијата проширувања предвидени за подобрување на корисниот, но и проблематичниот сервис за складирање податоци на облак. Корисен, затоа што многу корисници па дури и училишта низ Македонија го користат за складирање и споделување примери од добра пракса, а проблематичен поради хакираните и украдените податоци на над 68 милиони корисници, за што се молчело уште од 2012-та година!
Ваквото Dropbox офлајн прегледување документи од мобилен е овозможено само за Premium корисниците, односно оние кои се имаат одлучено за месечна претплата на сервисот. Во случај да барате алтернативи, прочитајте за тоа каква е ситуацијата со складирање на податоци во облакот од конкуренцијата!