До 2025 година пазарот на труд ќе се промени драматично, а најголем дел од физичката и некреативната работа ќе ја извршуваат роботи и компјутери. Светскиот економски форум излезе со предвидување кои ќе бидат најпопуларните професии, но и најбараните вештини кои треба да ги има секој кандидат. Според извештајот, за само неколку години од сега 5 милиони работни места ќе бидат заменети со роботи, но технологијата и компјутерските вештини ќе продолжат да бират потребни и атрактивни.
Развивачите на софтвер, аналитичарите на компјутерски системи и маркетинг експерти се дел од професиите за кои ќе има поголем интерест, пренесува Fast Company, повикувајќи се на истражување на Challenger. Интересно, професиите поврзани со грижа за стари и немоќни лица ќе бидат помеѓу најбараните професии. Причината за ова е продолжување на должината на животот на луѓето, па негувателите ќе бидат потребни подолг период, што ќе предизвика 40 отсто зголемување на побарувањето за оваа професија. Оваа професија е тешко да се замени со роботи бидејќи роботите не можат (сѐ уште) да чувствуваат емпатија спрема луѓето, ниту се доволно вешти да можат да се социјализираат со нив. Професорите, наставниците и учителите засега не се во опасност, а на листата потребни вештини се познавањето на новите технологии, социјални мрежи и медиуми. Дел од професиите како продажба, продажни агенти, маркетинг специјалисти и грижа за корисници засега не се на листата загрозени.
Сепак, речиси сигурно во опасност единствено не се креативните професии и развој и истражувачите. Иако истражувањата велат дека компјутерите се далеку од некои од овие содржини, сепак потребно е само неколку недели да се промени таквото мислење. Иако се сметаше дека за играње на играта Go е потребна човечка интуиција, сепак новиот шампион во Go сега е вештачка интелигенција.







