Работата на Battleborn прекинува на есен

во гејминг

Иако крајно различна игра, Battleborn ја имаше несреќата да биде перципиран како Overwatch клон и, работите да бидат полоши, излезе релативно блиску до гигантот на Blizzard.

Ваквата поставеност на настаните дефинитивно не помогна и тимот зад играта проба да привлече што повеќе играчи преку имплементирање најразлични стратегии. Првин, ја понуди играта со длабоки попусти, нешто што ретко се случува во првата година на животот на AAA игрите. Потоа, ја втурна основната игра во Humble Bundle пакет од игри, па воведе микро трансакции. Ова, се чинеше како последниот клинец во ковчегот и бројните корисни надградби и надополнувања не можеа да ја вратат Battleborn во светот на живите, дури ни кога играта стана бесплатна за играње.

„Од оваа недела, нема да има повеќе борбени планови, ниту пак се планира содржина по есенското надополнување“, изјавува креативниот режисер Ренди Варнел и објаснува играта ќе продолжи само да функционира и да се одржува до догледна иднина, но не и со нови содржини.

„Сум бил скоро целосно посветен на Battleborn уште од 2012 година и, на некој начин, и многу порано од тоа, дури од 2009“, се присетува Варнел „Ова е долг труд во кој е вложено многу љубов со добрите пријатели од Gearbox и сум горд што го споделив патувањето со вас, нашата заедница. Вашиот дух и лојалност биле константна инспирација за тимот во Gearbox.

Како дополнителна благодарност, тимот ги наградува фановите со код за еден нов изглед на Deande. SHIFT кодот треба да се активира до 2.октомври, директно преку играта.

ZKK33-FT59R-KCK3S-XCR33-B56HB

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments