Grim Dawn: Ashes of Malmouth излегува во октомври

во гејминг

Првата содржителна експанзија за RPG играта Grim Dawn ќе излезе во октомври и ќе им овозможи на загрижените авантуристи приказна која е проткаенa низ две целосни поглавја и мноштво нови локации.

Проширувањето ќе ги однесе играчите во Ugdenbog и паднатиот град Malmouth, со можности за нови класи и над 60 нови способности за играта, како и нова опрема, оружје и оклопи, заедно со предизвици кои се кријат не само во констелации туку и во предизвикувачки босови.

Точниот датум на излегување сеуште не се знае, но Grim Dawn: Ashes of Malmouth ќе се продава за 18 долари или пак бесплатно за сопствениците на Loyalist изданието. Во меѓувреме, играта ужива претежно позитивни оценки и се прикажува како една од најдобрите Diablo, hack and slash алтернативи.

На играта работат автори кои стојат зад надалеку познатата Titan Quest. Од она што ние го видовме, основната игра импонира со деталниот свет и комплексите гејмплеј механики. Ashes of Malmouth се труди да понуди повеќе од истото, нешто што фановите бараа веќе подолго време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments