Qualcomm: „5G телефоните доаѓаат во 2019 година“

во Вести

Првите 5G телефони ќе бидат во продажба во 2019 година, вели директорот на Qualcomm, Стивен Моленкоф.

Ова е забрзување на временската рамка. До пред една година се сметаше дека 5G телефоните нема да бидат достапни пред 2020 година, пренесе ZDNet.

За жал, иако можеби ќе има телефони кои ќе бидат подготвени за 5G, најголем дел од провајдерите нема да бидат подготвени до 2019 година. Директорот на Qualcomm сепак откри дека дел од операторите во Кореја, Јапонија и САД, работат на своите 5G мрежи. Qualcomm соработува со Verizon и Ericsson, на развојот на дел од овие мрежи.

Паметните телефони се интересни, но сепак не се најинтересниот дел од 5G. Паметните возила и автомобилската индустрија се најверојатно најинтересниот сектор. Побрзиот интернет ќе овозможи развој на автономни возила.

Директорот на Qualcomm смета дека токму автомобилската, ќе биде најиновативна индустрија во идната декада. Сепак, настапот на г. Моленкоф дојде на саемот за автомобили, па можеби треба да го имаме ова предвид кога го анализираме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk