„Сите сме за жал веќе запознаени со катастрофите кои ја погодија Јапонија во изминативе неколку денови. Социјалните мрежи полека станаа наше главно средство за информирање, и за среќа или несреќа ни овозможија да ги следиме случувањата скоро инстантно. Но дали е тоа се’ за што социјалните мрежи можea и се уште можат да се искористат во ситуација како оваа? Искрено се надевам дека не е.”, вели Ива.
„Со Калина и Тино одлучивме да го дадеме нашиот придонес за промоција на настанот „Срце за Јапонија“ кој ни се допадна без да бидеме на било каков начин директно поврзани со негова организација. Започнавме со лепење на QR кодови кои содржеа јапонски поговорки, цитати, и линк до Facebook event-от на „Срце за Јапонија“ на градбите на Кензо Танге во Скопје. Ги фотографиравме и ги поставивме на и на Tumblr, и се обидовме да ги вклучиме социјалните мрежи во активност поголема од само пренесување на вести.“
QR кодот е дво-димензионален баркод кој содржи информација која може да се прочита со камерата на мобилниот телефон преку апликација.


Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.