Puzzle Parasite: соло или ко-оп загатки во sci-fi свет

во гејминг

Новото шведско инди студио Wrenfall од неодамна го исфрли нивниот дебитантски наслов, Puzzle Parasite. Развиена од тим на индустриски ветерани кои претходно работеле во гиганти како Playdead, Ubisoft, Square Enix и Riot Games, оваа игра е длабоко инспирирана од класиците на жанрот како Portal, The Talos Principle и Antichamber. Puzzle Parasite се одликува со уникатен спој на минималистичка естетика и сложени логички предизвици, поставувајќи се како пријатно освежување кое не може, а да не биде ценето од сите љубители на загатките од прво лице.

Puzzle Parasite се одликува со необична, но иновативна гејмплеј механика која е комбинација од телекинетички моќи и, па, палка за крикет. Вие сте ставени во улога на истражувачи на мистериозна вонземска планета, каде што морате да манипулирате со енергетски јадра, да напојувате древна технологија и да ги пренасочувате светлосните мостови земајќи ги во предвид физичките закони. Играта целосно го отфрла концептот на борба и временски ограничувања, фокусирајќи се исклучиво на логика и набљудување. Секое ниво е рачно дизајнирано со намера да ја предизвика вашата креативност, барајќи од вас да размислувате надвор од кутијата за да ги откриете тајните кои се закопани под површината.

Покрај целосната кампања за еден играч, која нуди длабока приказна и истражување, Puzzle Paradise вклучува и посебна ко-оп кампања дизајнирана од темел за двајца играчи. Се работи за комплетно ново искуство кое бара прецизна комуникација, тајминг и заедничко решавање на проблеми. Како што велат од студиото, целта е да се тестираат границите на пријателството преку соработка, каде што двајца играчи мора да дејствуваат како едно за да напредуваат низ сложените механизми на вонземскиот свет. Топла препорака да го проверите овој режим доколку ви се допадне соло искуството.

Посебно би ја пофалиле и графиката која е дефинирана со минималистички научно-фантастичен стил, но со нагласена јасност во решавањето на загатките. Боите играат клучна улога, означувајќи различни функции на платформите и прекинувачите, додека звучниот дизајн придонесува за атмосферското и мистериозно, осамено чувство.

Puzzle Parasite успева да го спои носталгичното чувство на старите логички игри со свежи и модерни механики. Квалитетниот фокус на физиката, иновативната употреба на крикет палка како алатка за интеракција и посветеноста на квалитетно кооперативно искуство, создава квалитетен потенцијал ја истакне играта на Wrenfall како нов стандард во жанрот. За сите оние кои сакаат да го тестираат нивното логичко размислувања, сами или со пријател, Puzzle Parasite е наслов што дефинитивно треба да се најде на вашата листа на желби оваа зима.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments