Првите три мисии во Dishonored 2 се бесплатни

Од 6 април, Dishonored 2 ќе добие пробна верзија и ќе ви дозволи бесплатно да ги искусите првите три мисии. Ваквата верзија нема да има временско ограничување и ќе можете да играте и со Корво и со Емили онолку колку што ви душа сака.

Во случај да се решите да го проверите вториот продолжеток со вашиот омилен атентатор или пак со неговата миленичка, имајте во предвид дека Dishonored 2 почнува вистински да сјае од втората мисија и дека не би можеле да добиете вистинска претстава за продолжетокот само со првата мисија. Оние кои ќе бидат задоволни од искусеното, со купување на целосната верзија можат веднаш да продолжат од моментот каде застанале со пробната. Во чест на исфрлената пробна верзија, Dishonored 2 моментно се продава со 50% попуст.

На самиот почеток, играта страдаше од катастрофално лоша оптимизација на графичкиот енџин, но Arcane Studios не кренаа раце и вложија огромни напори во подобрување на искуството. Моментно, играта ужива 73% позитивни рецензии на Steam. Прочитајте повеќе за играта, за авторите и за тоа како беше пречекана од критичарите тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk