4 коментари 1 мин. читање

Првиот Windows Phone 8 уред на HTC пристигна во Македонија

HTC 8X од денес е достапен и во Македонија. Vip и Microsofot го претставија првиот Windows Phone 8 уред на HTC, кој воедно е и првиот Windows Phone 8 уред кој се појави во земјава. Но, знаејќи дека Microsoft е решен да ја популаризира платформата и да стане конкурентен на Аndroid и iOS, очекуваме да видиме уште вакви WP8 уреди од разни продизводители до крајот на годината.

Уредот, едноставно крстен 8X, работи на 1,5 GHz Snapdragon S4 процесор со две јадра и има 4,3 инчен екран со 1280 x 720 резолуција. Има 1 GB RAM, 16 GB, камера од 8 мегапиксели, и предна со 2 мегапиксели, има поддршка за снимање видео со висока 1080p резолуција, NFC технологија и Beats Audio.

Кога HTC го претстави 8X, го претстави и 8S моделот кој требаше да биде поефтина верзија на WP8 телефон, односно со послаби хардверски перфроманси. Тој модел сè уште не е достапен во Македонија.

HTC 8X ќе биде достапен во Vip од 5-ти ноември и ќе чини 30.000 дeнари само за телефон, секако цените се различни според тарифите.

[youtube]-AjBbcb34sg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top