Првата српска MOBA игра победи на стартап натпреварот Start Tel Aviv

во Свет

COFA Games, српското студио за развој на видеоигри, кое ја креира MOBA играта Awakening of Heroes, е победник на натпреварот Start Tel Aviv во Белград, чија главна награда е патување на светскиот фестивал на иновација DLD Festival во Тел Авив, пишува Startit.rs.

На стартап натпреаварот во Тел Авив COFA Games се натпреваруваат со стартапи од поголеми светски градови како Лондон, Даблин, Берлин, Хелсинки. Вообичаено на ваквите натпревари се организираат средби со инвеститори, технолошки инкубатори и други луѓе кои можат да инвестираат во нивната игра. Awakening of Heroes е MOBA игра, налик на League of Legends и DotА, но е далеку поедноставна игра. Целта на Cofa Games е да го донесе комплицираниот MOBA жанр, кој се игра од околу 80 милиони играчи во светот, до сите платформи и до сите љубители на игри, не само до хардкор гејмерите.

Покрај победниците на Start Tel Aviv учествуваа и повеќе нови стартапи, меѓу кои BalanclQ со модел за прогноза наменет за компаниите кои тргуваат на пазарот со енергенси; Coprix Media со идеја да ја модернизира наставата во училиштата и креаторите на бизнис софтверот Erpag кои веќе имаат 20.000 корисници од целиот свет.

[youtube]AmDghHUVThI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk