2 коментари 1 мин. читање

Прва само за жени хакерска вечер во хаклабот КИКА

Хаклабот КИКА во среда, 13.07, организира „ексклузивен состанок на женската хакерска дружина од Македонија“. Целта на состанокот е сите .мк хакерки да се запознаат, подржат и да сработат нешто.

Можеби „хакер“ како термин често се става во негативен контекст, но во правата смисла на зборот – хакери се луѓе кои користат вештини да мофицираат нешто или да ослободат информација. На собирот е поканета секоја девојка која е заинтересирана за: слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, веб, мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, гаџети, роботи итн.

„Ова би било добра прилика да си разменеме мислења и искуства меѓу себе. Да покажеме дека и ние може да поминеме една вечер покрај нашите компјутери правејќи нешто продуктивно, а не само во муабет и кафе.“, вели Јованка Гуличоска.

За девојките кои не знаат каде се наоѓа КИКА тука ќе најдете мапа.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top