Google неодамна го претстави својот музички сервис едноставно наречен Google Music Beta. Акцентот е на Beta, бидејќи Google го нема лансирано сервисот кој го имаа замислено, а причина за ова се недоразбирањата со дискографските куќи. Сигурен сум дека Google наскоро ќе ја оствари замислата.
Google Music е сервис кој ви овозможува да ја закачувате вашата музика директно на веб, и потоа можете да ја слушате од било кој компјутер. Google Music подржува повеќе формати, меѓу кои спаѓаат mp3, AAC, WMA и FLAC. Максимум можете да закачите 20.000 песни. Google Music сега за сега е бесплатен, може да се влезе само со покани, и е достапен само за aмериканските корисници. Меѓутоа, доколку побарате покана користејќи американски прокси сервер ќе можете и вие да имате Google Music профил. Користењето прокси ви е потребно само за да добиете покана. Кога ќе отворите Google Music Beta профил можете да поканите до четворица ваши пријатели. Доколку сакате покана имам уште три, пишете Gmail профил во коментарите подолу.
Закачување музика на Google Music Beta
Откако ќе побарате покана од Google Music, ќе треба да почекате малку за да ја добиете, во мојот случај тоа траеше два дена. Откако ќе ја добиете поканата, треба да преземете посебна апликација, наречена Music Manager, преку која ќе ги закачувате оние песни кои сакате да ги имате во Google Music. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, имате можност да си одберете дали сакате да ги закачите песните од вашиот iTunes плеер, Windows Media плеер, од папката My Music, или од некоја друга папка каде имате сместено песни. Преку апликацијата можете да одлучите дали сакате автоматски да се закачуваат песни, или вие самите да ги закачувате. Доколку одлучите автоматски, кога ќе ставите нова песна во папката која ја одбравте претходно, дадената песна автоматски ќе се закачи на Google Music. Апликацијата ви дава можност веднаш да се упатите на страницата каде се закачуваат песните.
Напомена: Откако ќе го одберете местото од каде сакате да закачите песни, процесот не може да се сопре сè додека не се закачат сите. Затоа внимателно со бројот на песни, не дека тоа може на било каков начин да влијае на Google Music, меѓутоа и тоа како ќе влијае на надминувањето на вашиот лимит доколку имате ограничен интернет.
Слушање Музика на Google Music Beta
Веб интерфејсот на Google Music е всушност плеер кој ги нуди истите опции што и сите други плеери. Интерфејсот содржи еден страничен бар кои ги содржи повеќето опции, како што е можноста да барате песни според името, според изведувачот, според албумот, и според жанрот. Опцијата New and recent ви овозможува да видите кои се последните песни кои ги имате закачено. Оние песни кои не содржат насловна слика се означени со сиви слушалки, иконата на Music Beta. Понекогаш е можно и самиот Google да најде слика за вас.
Како и кај сите плеери така и тука, на многу едноставен начин, можете да си направите ваши плејлисти. Исто така има и автоматски плејлисти, кои се прават од вашите омилени песни и песните кои се закачени во последно време. Слично како и кај Last.fm, така и кај Google Music можете да обележите песна како омилена преку опцијата Thumbs up. Правењето на ваши плејлисти е многу едноставно. Кај опцијата Playlists, која се наоѓа на крајот од страничниот бар, со еден клик креирате нова плејлиста, го именувате, и потоа само ги влечете оние песни кои ги сакате врз името на плејлистата.
Google Music Beta за Android
Google Music Beta како производ на Google е достапна за сите Android уреди, па оттука нема потреба да го полните вашиот Android телефон со песни, сè што треба да направите е да ја преземете Google Music Beta; апликацијата од Android маркетот. Претходно не напоменав, меѓутоа добрата работа со Google Music е тоа што можете да кеширате песни и да ги слушате кога сте офлајн. Бидејќи Google Music Beta е направен во Flash, iOS уредите не го подржуваат. За подетален приказ за тоа како функционира апликацијата за Android, погледнете го приложеното видео.
[email protected] ako moze pokana …
blagodaram …
Еве листа на американски прокси сервери. http://www.publicproxyservers.com/proxy/list1.htm…
Како да сменам американски прокси сервер?
На тие што не успеав да им пратам покани, можат да побараат од официјалниот Google Music Beta сајт.
http://music.google.com/about/
[email protected]
Покана молам [email protected]
[email protected]
[email protected]
https://plus.google.com/110712432181627150968/pos…
Ми треба Gmail адреса
[email protected]