Microsoft стартува блог „Развивајќи го Windows 8"

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Windows 8 ќе биде комплетно нов Windows наменет за новата генерација на уреди, вели Microsoft на својот нов блог „Развивајќи го Windows 8” во кој софтверскиот гигант ќе се обиде постепено да ги претстави промените и новините во новиот оперативен систем.

„Денеска ќе започнеме отворен дијалог со тие што ќе ја тестираат верзијата пред објавување во следниве месеци.“, вели Стивен Синофски од Microsoft кој го водеше и блогот за Windows 7 за време на неговото развивање.

„Блогирајќи за ова ни дозволува да имаме дијалог со вас за изборите за дизајнот, за податоците и користеност во реалниот свет, и за новите можности кои се дел од Windows 8. Заедно, ќе стартуваме уникатна авантура да го претставиме продуктот на пазарот.“

Windows 8 ќе биде комплетно нов оперативен систем, со комплетно редизајнир интерфејс и начин на како се стартуваат апликации. Според дизајнот и користењето виџети јасно е дека Microsoft планира да изгради оперативен систем кој ќе функционира како на десктоп PC-јата, така и на таблет компјутер.

Покрај блогот, Microsoft стартуваше и Тwitter профил @BuildWindow8.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments