Доколку не сте убедени од Windows 8 и сè уште ја користите „седмицата“ тогаш спаѓате во таргет групата која Microsoft ќе се обиде да ја освои со следната верзија на популарниот оперативен систем. Windows 9 или Threshold ќе доаѓа со промени кои пред се ќе бидат наменети за десктоп корисниците, кои останаа неимпресионирани од претходната верзија и си го задржаа Windows 7. Новата верзија ќе го детектира хардверот на компјутерот, па во зависност од тоа дали станува збор за десктоп компјутери или за хибридни или таблет комјутери, Windows 9 ќe функционира и ќе изглеа различно, велат извори на ZDNet.
„Корисниците кои ќе го користат Threshold на десктоп/лаптоп ќе добијат SKU или верзија која е оптимизирана за Win32/legacy апликации. Два-во-еден уредите како Lenovo Yoga или Surface Pro ќе овозможува промена од Metro на Windowed mode, во зависност дали се вклучени тастатурте или не“.
Една од првите промени кои ќе бидат направени за привлекување на десктоп корисниците е повторното зголемување на функционалноста на тастатурита и глувчето. Според првите информации Windows 9 доаѓа со мини Start мени, шѕо е своевидна замена на Start менито во претходните верзии. Оперативниот систем ќе ја задржи можноста да ги „пушта“ Metro и Windows апликациите од Windows Store во прозорци во Windows.
[youtube]JPmXUdLBy0A[/youtube]