Apple во новиот OS X конечно ќе ги „пензионира“ Aperture и iPhoto, а на нивно место доаѓа новиот сервис Photos for OS X. Корисниците изгледот на новата апликација можат да го видат на бета верзијата на OS X 10.10.3, јави Macworld. Photos for OS X или само Photos не отстапува од новиот „flat“ дизајн за кои се определи Apple. Дури и дел од иконите се позајмени од iOS, но тоа што несомнено ќе ги израдува корисниците се новите функционалности.
За почеток сите фотографии се сместени во Moments каде корисникот може да го види распоредот на фотографиите и хронолошки, во зависност од периодот кога се фотографирани. Благодарение на интеграцијата со Apple Maps корисникот може да ги разгледува фотографиите по локација.
Со новата апликација имаате поголема можност за едитирање на фотографиите, па тука се auto-enhance, ротација, crop и најразлични филтери. Crop функцијата има интересен додаток кој овозможува ротација на сликата доколку е потребно истата да се исправи. Поправките на сликите не застануват тука, па може да се промени и експозицијата, контрастот, сатурацијата и слично.
Претходните корисници ќе ги задржат албумите како што се и досега, односно како и во Event фолдерите на iPhotos. Истото важи и за Projects односно сите проекти како албуми, книги, календари и слично. Додавањето на фотографии сега е поедноставно, пред се благодерение на динамичкиот кориснички интерфејс кој се преуредува како што се преуредуваат и сликите на екранот.
Иако за сериозна обработка на фотографии сè уште е потребен подобар софтвер за едноставните поправки Photos би тербало да е сосем доволен и ќе биде добредојдена промена за сите корисници.









