Најголемата кинеска продавница и една од најголемите светски интернет продавници, Alibaba, започна со тестирање на дронови за испораки, јави BBC. За разлика од Amazon и Google кои тестираат сопствена испорака со дронови, Alibaba тестира со вистински продукт (чај) кој ќе го доставуваат до вистински купувачи, со што сепак е еден чекор понапред од конкурентите.
Тестовите ќе бидат кратки, ќе траат три дена и ќе бидат ограничени на летови со траење од еден до четири часа од центрите во Пекинг, Шангај и Гуангжу. Пакетите кои ќе бидат испорачувани во овој тест се максимална тежина од 340 грама. Според најавата на блогот (Google translate), во тестот ќе учествуваат околу 450 купувачи.
Иако станува збор единствено за тестови, за испораката со дронови ќе треба да се почитуваат безбедносни мерки, уште повеќе доколку Alibaba сака да стане глобална продавница. Голем дел од државите работат на регулација и креирање на мерки за безбедност при летањето со дронови, вклучувајќи ја и Македонија.
Amazon и Google веќе подолго тестираат испорака со дронови, но поради барањата на американската FAA за регулирање на беспилотните летала, иднината на испораката со нив за сега е непредвидлива.
[youtube]5ce2VvZI63g[/youtube]