I/O немаше да биде комплетна конференција доколку Google не откриеше повеќе податоци за Project Ara. Модуларниот телефон на Google веќе од минатата година има свои прототипови, но овој пат имавме можност да видиме модел кој ќе може да се вклучи. Очигледно станува збор за уред кој сè уште е во рана фаза, со оглед на тоа дека уредот едвај се подигна, а и кога успеа да се подигне се закочи, јави Verge.
Дополнително Google најави значајни награди од 100.000 долари за сите кои ќе излезат со прототип на модул кој ќе овозможи нова функција која досега не можела да се изврши со паметен телефон. Ова ќе овозможи Project Ara не само да ги замолчи сите кои јавно го искажуваат својот сомнеж околу можноста за изработка на паметен телефон кој ќе биде изработен од блокови, туку токму поради променливите модули да ја прошири функционалноста на телефоните каде што досега не била присутна.
[youtube]M8IyuJ2Us80[/youtube]







