Проширете си го знаењето – Mladiinfo.com

во ИТ.МК

{mosimage}Сите знаеме дека нешто не функционира во нашето високо образование, од немање на книги, или книги од “86, до мито на професорите. Секој студент го знае тоа. Но што да се прави? Не знаете каде да се обратите? Најважно од се сакате подобро образование? Тогаш „треба да го одвоите вашиот задник од фотелјата и да направите нешто во врска со тоа“ е пораката од Mladiinfo.com, новиот сервис за студенти, сајт на кој ќе најдете грантови, школи, факултети, стипендии, натпреварувања… се што ќе ви овозможи да си го подобрите образованието во „нормални“ институции надвор од земјата.

Кои се луѓето зад Mladiinfo.com? Нивната позадина, што работат, колкумина сте што работите на сајтот?
MladiInfo.com: Ние сме мала група ентузијасти, кои не се откажуваат од сонот дека можат да успеат единствено благодарение на сопствениот капацитет, знаење, образование и индивидуални квалитети. До пред извесно време и самите во потрага по стипендии, обуки и пракса, поминувавме часови и часови на интернет. Во последните неколку години дипломиравме, магистриравме, дел од нас работеа во Брисел, во Америка, студираа во Сараево и Италија. Сите имаме многу различен „background“. Медиуми, човекови права, информатика, англиски јазик… Единствено што не поврзува е www.mladiinfo.com
и заедничката визија дека ќе успееме од еден ентузијастички обид да направиме светски успешен проект.

Што ве натера да го направите овој сајт?
MladiInfo.com: Идејата е стара неколку години. Јас и луѓето околу мене почнавме сé почесто да ја напуштаме Македонија, најпрвин различни конференции и семинари, па постдипломски студии, па пракса во ЕУ институциите… Тогаш сфативме дека младите луѓе од Европа се неверојатно мобилни. До триесетата година од животот имаат поминато илјадници километри. Имаат живеено, студирано, работено во десетина европски градови. За разлика од нив, патот кој ние го поминуваме додека сме млади се сведува на викенд во Охрид, одмор во Ханиоти или Будва. И тоа е тоа. Не сме ни свесни дека денешниот свет нуди неброено многу можности за патување, шетање, дообразба, студирање… Без пари. Кога бев во Америка размислував зошто е тоа така. Сфатив дека се уште влечеме некои навики од поранешниот систем, кога на сите нас, сите можности ни беа сервирани на тацна. Од родителите, училиштето, целиот систем. Сега не е така. Потребно е да се потрудите, да побарате, да се заинтересирате, да најдете препораки, да положите TOEFL, да ја пополните апликацијата, едноставно да мрднете од пред телевизор и да се заангажирате. Идејата за создавање на www.mladiinfo.com е генијална затоа што неверојатно многу ќе ви го олесни патот од фотеља до стипендија. Вие повторно ќе мора да се ангажирате, но за разлика од претходно наместо да лутате низ илјадници веб страници, огласи, конкурси, спамови и вируси, ние ви го носиме тоа, убаво средено, подредено и стокмено.

За да се реализира идејата беa потребни неколку години. Едноставно требаше да се спојат коцките, да се најдат вистинските луѓе и како што тоа обично бива сето тоа се случи сосема неочекувано и наеднаш.

{mosimage}

Може ли кратко да ни опишете што се треба да направи заинтересиран студент за некој од грантовите/школарината/наградите кои можат да се најдат на вашиот сајт? Прашањето е за тие што можеби не се толку запознаени со интернетот, а се заинтересирани, па кратко објаснете го наједноставниот начин да се стигне до некоја стипендија?
MladiInfo.com: Па мислам дека дел од одговорот е скриен во прашањето. Најважно е да биде заинтересиран. Сметам дека кај голем дел од младите луѓе недостасува иницијатива. Доколку вие одлучите вашето образование да го продолжите некаде во странство и за тоа да пронајдете стипендија, треба да го одвоите вашиот задник од фотелјата и да направите нешто во врска со тоа. Најдобар почеток за тоа е да го отворите www.mladiinfo.com и да почнете да барате стипендија. Кога ќе најдете стипендија која одговара на вашите интереси и желби за дообразба, кликнете на повеќе. Тоа ќе ве однесе директно на сајтот на факултетот кој ја доделува стипендијата и таму детално ќе се запознаете со сите услови и барања. Тоа е. Нема филозофија.

Зошто сајтот не е на македонски?
MladiInfo.com: Ќе продолжам од каде што застанав со одговорот на претходното прашање. Утврдивме дека имате желба, дека сте нашле време и покажувате иницијатива. Го отварате www.mladiinfo.com кој ќе ви помогне да го пронајдете она за што сте заинтересирани. Но, сега сфаќате дека страницата е на англиски, а вие за жал во средно сте учеле руски. Навистина ни е жал, меѓутоа каде и да одлучите да го продолжите вашето образование, условот ќе биде да зборувате англиски. Не да разбирате, туку течно да зборувате. И тоа ниту ние, ниту некој друг, не можеме да го промениме.

Наша целна група е младата интелигенција. Оние млади луѓе кои не прекинуваат со своето образование и доусовршување по средното училиште или факултетот. Оние кои се стремат да го добијат најдоброто образование, кои зборуваат неколку јазици, одлично се служат со англискиот и комуницираат со своите врсници низ светот.

Имајќи го предвид ова, ние одлучивме да се обидеме со нешто поразлично. Да одиме глобално. Да не се врзуваме со една локација, со еден пазар, туку да влеземе во игра на глобалниот пазар. Од друга страна се надеваме дека македонските млади луѓе на кои им се обраќаме се подготвени да излезат од затворениот круг во кој општат и комуницираат, дека се подготвени да го продолжат своето образование на престижните, светски универзитети, да ги прошират своите видици и да внесат малку свеж воздух во сите општествени сфери.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments