Нова ранливост во iOs 6.1 дозволува лесно да се заобиколи безбедноста на iPhone, односно екранот за отклучување, и да се пристапи до контактите, гласовните пораки и фотографии кои се складирани на телефонот. Бизарната ранливост, која се појавува на сите iPhone-и со iOS 61, е откриена од Jailbreaknation.com чие видео со објаснување за хакот ќе најдете подолу.
Аpple веднаш започна да работи на нова верзија откако се откри ранливоста, што е трета пропуст најдена во период од една недала на iOS 6.1. Првиот проблем беше со прегревањето на батеријата, вториот со Microsoft Еxchange. Компанијата рече дека „се грижиме за безбедноста“ и дека ќе го поправат попустот во најбрз можен рок. Всушност, Apple објави iOS 6.1.1 верзија, но таа верзија беше објавена само ден пред да се открие оваа ранливост.
[youtube]sVV9S17mZpw[/youtube]
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.