Google направи сериозни промени во видео платформата YouTube. Најавуваната музичка платформа YouTube Music наскоро ќе биде е активна, а YouTube Red оди во „пензија“, јави Recode. Веста официјално ја потврди YouTube на својот блог. Сервисот ќе започне да функционира на 22 мај. Достапноста на услугата започнува во САД, Австралија, Нов Зеланд, Мексико, и Јужна Кореја.
YouTube Music нема преголема разлика со платформата која веќе постои. Главната разлика е во персонализирани плеј-листи за корисниците. Сервисот ќе чини 10 долари месечно, овие средства овозможуваат слушање музика без реклами. Интересно ова ќе ни овозможи музика без реклами, но остатокот од YouTube доаѓа со реклами. Дополнително ова ќе овозможи и неколку други функционалности. Пример корисниците можат да слушаат музика во позадина или да преземаат песни. Сервисот доаѓа бесплатно за сите кои се претплатени на Google Play Music.
Отстранувањето на сите реклами од YouTube чини два долари повеќе и доаѓа како YouTube Premium. Заедно со ова доаѓа крајот на YouTube Red. Оваа платформа повеќе не постои и ќе биде заменета со Premium. Освен името има разлика и во претплатата која сега е 12 долари. За оваа претплата секој корисник ќе може без пречки од реклами да ги гледа оригиналните серии на YouTube, да слуша музика и сè што доаѓа со ова.
Засега терминот „ексклузивна содржина“ се користи прилично либерално. Надвор од Step Up: High Water, Youth & Consequences и Cobra Kai, нема содржина која би можела да привлече некого. Дополнително сериите може да ја гледате со реклами сосем бесплатно. Добра вест за YouTube е дека Cobra Kai веќе има околу 4 милиони гледачи.