0 коментари 1 мин. читање

ИТ Настан: Гледајте го WWDC со Web Factory

Web Factory се едни од ретките кои редовно организираат заедничко отворено следење на најголемите настани од технологијата. Ова ќе биде случај и со Worldwide Developers Conference на Apple која се одржува на 4 јуни.

Ова е конференција која се однесува на развивањето на апликации и на девелоперите. Секако нема посоодветно место од гледање на настанот со девелопери.

Ќе биде навистина интересно да видиме во која насока ќе биде годинешната конференција. Најверојатно проширената реалност повторно ќе биде во фокусот, но како ќе изгледа ова ќе биде супер интересно да се види.

Настанот се одржува во Chillin’ Bar,  билетите се достапни за регистрирање на Evenbrite.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top