1 коментар 2 мин. читање 12 август, 2019

Промени во регулативата за отворање сметки во странство треба да ја „отворат“ вратата за PayPal

Минатата недела се одржа работна средба помеѓу Венко Глигоров и Гувернерската на Народната банка на РСМ Анита Ангеловска Бежоска. Една од темите на разговорите се надминување на пречките за воведување на платежни сервиси како PayPal или Скрилл, пишува Венко Глигоров на блогот на Login Systems.

Народната банка на Република Северна Македонија веќе има изготвена предлог одлука со која ќе се променат условите под кои резидентите кои не се овластени банки ќе може да отвораат сметки во странство. Со ова ќе биде надмината и последната голема пречка за влез на популарните сервиси за плаќање, а граѓаните и компаниите ќе може да користат сметки за овие сервиси.

Одлуката треба да биде донесена на 29 август на Советот на НБРСМ. По ова треба да се продолжи со прилагодувањето за целосно надминување на пречките за „влез“ на PayPal.

Последната одлука за нудење на услуги на пазарот секако ќе ја имаат сервисите кои ќе треба да одлучат кога е најпригодно да започнат да ги нудат сите услуги. Со оглед на тоа дека најголем дел од електронските платежни сервиси „се сместени“ во иста законска рамка, прилагодувањето за најголемите, ќе го отвори влезот за сите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top