Обновено на 5-ти мај, 2016:
Австралијанецот Стив Рајт сепак не успеа целосно да потврди дека баш тој е основачот на крипто-валутата Bitcoin, односно дека тој се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото.
Иако Г. Рајт вети дека ќе достави повеќе докази, сепак скептицизмот бара големите тврдења да имаат и големи и непобитни докази.
Тврдењето на австралијанецот дека ќе префрли средства од едни од првичните блокови на Bitcoin валутата, остана нереализирано. Наместо тој доказ, Г. Рајт на својот веб сајт објави обраќање до јавноста во кое се извинува со зборовите:
“Жал ми е.
Мислев дека можам да го направам ова. Верував дека ќе можам годините кои ги поминав во анонимност и криење да ги ставам зад мене. Но, како што се одвиваа настаните оваа недела и се подготвував да го објавам доказот за првите клучеви, се скршив. Ја немам храброста. Не можам.”
целото писмо може да го прочитате на следниов линк.
оригиналниот текст објавен на 3-ти мај, 2016:
Креаторот на дигиталната валута биткоин од самото нивно креирање е анонимна и мистериозна фигура, позната единствено по псевдонимот Сатоши Накамото кој беше потпишан под изумот во 2008-ма година. Затоа помалку изненадува тврдењето на 45-годишниот австралиски претприемач Крег Рајт дека тој е креатор на крипто-валутата. Г. Рајт поднесе докази кои го потврдуваат како Сатоши Накамото, и изјави од реномирани членови на биткоин заедницата го потврдија неговиот идентитет, пренесуваат светските медиуми. „Се нарекува Накамото по јапонски трговец и филозоф од 17-от век Тoминага Накамото, кој ги критикуваше правилата за трговија и заговараше слободен пазар. (Сепак г. Рајт не открива зошто го избрал Сатоши)“, пренесува The Economist.
Можност да го испитаат неговото тврдење имаа BBC, Economist и GQ Magazine, кои освен пристап до неговата објава имаа можност за прашања за да го потврдат ова тврдење. Најголемиот доказ дека г. Рајт е креатор на биткоините е контролата која тој ја поседува врз клучот за блокот 9 во таканаречениот bitchаin. Всушност, доказот е дека тој поседува биткоини за кои се знае дека ги заработил г. Накамото, а BBC и експерти за биткоини, ја потврдија автентичноста на неговото тврдење.
Сепак сите не се убедени во тврдењето на г. Рајт. Скептиците објаснуваат дека доказите кои ги понудил се речиси невозможни за тестирање. Што се однесува до мотивацијата, и зошто токму сега го открива својот идентитет, г Рајт вели дека е принуден на ова.
„Има многу измислени приказни и не сакам да ги повредат луѓето кои ми се блиски. Не сакам ова да има влијание на некој од нив. Не го направив ова бидејќи така сакав. Не е мој избор, не сакав да бидам заштитно лице на биткоин. Сакам да работам, сакам да продолжам да го правам, она што го правам. Не сакам пари и слава. Не сакам да ми се воодушевуваат. Само сакам да бидам оставен да работам“, вели г. Рајт.
Според претходните тврдења Сатоши Накамото е сопственик на 1 милион биткоини, кои сега имаат вредност од околу 450 милиони долари. Во моментов, вредноста на сите биткоини надминува 7 милијарди долари.
Во ред е да се пренесуваат мејнстрим медиуми, но далеку е од вистината ;)
https://www.reddit.com/r/Bitcoin/comments/4hhreq/how_craig_constructed_the_message_that_he_signed/
Моментално се проверува неговото тврдење, така да почекаме да видиме што ќе се случи.