Производителот на процесори за iPhone бил жртва на компјутерски вирус

во Мобилни

Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. е компанија која произведува чипови за Apple. Компанијата неодамна беше жртва на вирус кој значително го ограничи производствениот капацитет.

Поради ова компанијата има проблем и со производството и испораките. На почетокот на викендот TSMC јави дека 80% од системите се исчистени. Денес би требало да функционираат нормално. Поради ова ќе доцнат дел од испораките кон клиентите на компанијата, јави Bloomberg.

„TSMC и порано биле жртва на вируси, но досега вирусите не влијаеле на производните ленти“, вели Лора Хо од TSMC.

Причина за компјутерскиот вирус е грешка при инсталација на софтвер, по што вирусот се раширил на целата мрежа. Како последица на застојот во работата компанијата ја коригираше и ја намали планираната заработка за тримесечјето за 3%.

Најголем клиент на Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. е Apple, на производителот на iPhone отпаѓа дури 21% од заработката на тајванскиот производител. Apple сам ги дизајнира своите чипови, но потоа дизајните ги испраќа до производители кои го реализираат дизајнот. Освен за Apple компанијата произведува чипови и компоненти и за AMD, Nvidia и Qualcomm.

Со оглед на тоа дека за најголем дел од компаниите крајот на летото и почетокот на есента се период во кои ги презентираат своите уреди, застојот во TSMC може да биде понепријатен за дел од компаниите. Засега нема податоци за тоа чии чипови се зафатени со забавувањето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk