Поранешниот заменик-директор за инжинерство во Tesla Motors, Крис Порит, е новиот регрут на Apple. Kомпанијата веќе има неколку поранешни вработени од Tesla кои беа на високи позиции, а сега се во кампот во Купертино, што разбирливо ги разгорува шпекулациите дека Apple подготвува електричен автомобил. Дури и директорот на Tesla Motors, Илон Маск, тврдеше дека работат на електричен автомобил, иако Apple сè уште молчи. Наводно нивниот проект околу автомобилот се вика Project Titan, тврди Electrek.
Г. Порите пред Tesla Motors, беше поранешен главен инженер во Land Rover и Aston Martin, па се чини дека навистина нема друга позиција на која би можел да биде сместен, освен во евентуален тим за равој на електрични возила во Apple. Подолго време се шпекулира дека Apple работи на сопствено возило, но барем засега не сме сведоци на автомобилот од компанијата. Компанијата досега вработи повеќе поранешни инжинери од Tesla, но во Tesla не се премногу загрижени заради овие преземања.
Илон Маск неодама го нарече одделот на Apple за автомобили „Гробиштата на Tesla“, а и се пошегува со „Доколку не успеете во Tesla тогаш одете да работитее во Apple“.